За нас

/
468298783_10222626624172582_1614618533047467276_n
476303516_587588334149896_4575627851275006348_n
32253526_10209557710577910_5741136329920479232_n

Активни од 2003 година

ПОРАКА НЕГОТИНО е организација на родители која е плод на желбата на родители на дете со посебни потреби да обезбедат сигурна и здрава иднина за нивното дете а и за сите останати лица со посебни потреби. Лица кои ќе имаат достоен дом, кои ќе бидат почитувани, социјализирани, инклузирани и работно ангажирани. Желбата и сигурната мотивираност ја создаде реалноста.

Денес ПОРАКА НЕГОТИНО е здружение кое работи на три програми:

  • Организирано живеење на лица со попреченост со поддршка и
  • Дневни центри за овие лица
  • Работно ангажирање и вработување

Во организираното живеење со поддршка, се опфатени 86 лица со интелектуална попреченост се сместени во вкупно 18 станбени единици од кои 9 во Неготино и 9 во Скопје. Лица кои дваесет или триесет години својот живот го поминале во институциите кадешто ги немале ни основните услови за живот, кои им се загарантирани со Уставот на Р. Македонија. Денес овие лица го живеат својот сон, нивниот нов живот.

Нашата мисија е да обезбедиме подобар и поквалитетен живот на лицата со попреченост преку осмислување на нивниот секојдневен живот, дневно згрижување, едукација, организирано живеење со поддршка, работно оспособување и ангажирање, вклучување во спортски културни и забавни активности, креативни работилници, промоција на нивните таленти и способности, едукација на родителите и организирање на трибини.

Историјат

  • Целни групи

    - Лицата со интелектуална попреченост кои живеат со своите семејства, од регионот на Неготино и Волково - Скопје;
    - Лицата со интелектуална попреченост опфатени со процесот на деинституционализација во Р. Македонија;
    - Родителите и семејствата на лицата со интелектуална попреченост .

  • Стратешки цели

    - Промовирање и заштита на правата на лицата со интелектуална попреченост;
    - Интеграција и инклузија на лицата со интелектуална попреченост;
    - Примена на ЕУ стандарди, приближување на законодавството (за лица интелектуална попреченост) на Р. Македонија кон Европското.

Организирано живеење со поддршка во заедницата

Порака Неготино има воспоставено Станбени единици за домување со поддршка во Неготино и Скопје. Ваквиот модел на услуга Порака Неготино има за цел да го развие и во другите градови во   Македонија.

Дневни Центри за возрасни лица во Неготино и Волково, Скопје

Од 2003 година започна со работа Дневен центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Неготино и од 2012 година Дневен центар на ПОРАKА НЕГОТИНО во Волково, општина Ѓорче Петров, Скопје. 

Работно ангажирање и Вработување

Една од основните задачи со која ја остваруваме и нашата цел и нашата законска обврска е и работното ангажирање преку организирање на работно-производна активност…

Извештаи и финансии

Наративен

Наративен извештај-темплејт 2024

Наративен извештај-темплејт-2023

финансиски

Финансиски-извештај-темплејт 2024

Финансиски-извештај-темплејт 2023